Како гром од ведро небо денеска не’ затекна веста за прераната смрт на музичарот Денис Демиров.
Според првичните информации, 38-годишниот гитарист на „Газоза бенд“ имал проблеми со висок крвен притисок и наводно починал во сон.
„Разочарен сум, не можам да поверувам. Изгубивме голем човек, другар, пријател и брат. Изгубивме татко на три деца. Почивај во мир, Денис“, напиша еден од неговите пријатели на „Фејсбук“.
Демиров беше активен на сцената речиси две децени.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.