fbpx

Небото стана побогато: Трогателна посвета за Елизабета, мајка на две малолетни деца

Елизабета Бабунска (42) почина од рак на желудник.

За мајката на 4-годишниот Јаков и на 8-годишната Лина јавноста слушна уште минатата година кога се собираа средства за нејзино лекување во Турција.

По интервенцијата, таа за порталот „ММС“ откри како се чувствува.

„Малку сум подобра, ама се’ уште не можам да јадам од тарапијата. По малку се движам, завршив со зрачењето. Пет недели бевме во Турција. Вака мора да биде. Тарапии треба да се прават. Тешки се зрачењета, а хемото е полесно. Завршив со зрачењето. Сега сум, здравје ако е како што треба, до април на хемо, на 21 ден“, раскажа Бети. 

За жал, нејзиното срце не издржа. Згасна уште еден млад живот, а роднини и пријатели со трогателни посвети се простуваат.

„Земјата стана посиромашна од еден цвет. Небото стана побогата со една душа. Денес е ден на длабока тага, денес е ден кога тагуваме за една прекрасна душа,пријателка, мајка и сопруга. Би сакала да најдам зборови за некако да ја олеснат болката, но тешко е да се замисли дека воопшто и постојат такви зборови. Некои вистини во животот се тешки да се прифатат. Спомените од тебе нема никогаш да бидат заборавени. Ти секогаш ќе останеш заедно со нас, во нашите срца и мисли. Почивај во мир пријателко моја. Моето длабоко сочуство до семјеството“, напиша Вирџинија на „Фејсбук“, една од нејзините другарки.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Внесете протеини додека постите: Овие намирници заменуваат месо и млеко

Протеините кои се наоѓаат во месото и во млечните производи се вклучени во метаболичкиот процес и се неопходни за создаваање на ќелии во човечкиот организам. За недостатокот од протеини да не биде штетно по вашето здравје, оние кои постат со недели во своето мени треба да вклучат намирници кои овој […]