fbpx

Бранислав ме силуваше на 18 години: Уште една актерка со шокантно признание

По актерката Даниела Штајнфелд, и нејзината колешка Мерима Исаковиќ одлучи јавно да проговори против Бранислав Лечиќ за кој тврди дека ја силувал кога имала само 18 години.

Докажаната актерка првпат по цели 43 години одлучи да си ја отвори душата за „Неделник“ и да проговори за најмрачната епизода во својот живот,

Некогаш голема ѕвезда, Исаковиќ доживеа страшна сообраќајка на 21 година и остана неподвижна. Денес живее во Австралија, работи како психолог, но ги следи случувањата во Србија.

„Имав 18 години. Есен 1978 година. Ме турна во станот. Ми го соблече фустанот. Не се обидувај да викаш. Ме бутна на подот. Чувствував како ме крши. Секоја коска ме болеше. Господе, те молам. Ако успее, ќе умрам уште вечерва. Ужива во мојот страв. Му го чувствувам здивот. Заканувачки поглед. Празен и црн. Очи без душа“, е дел од потресното сведоштво на актерката.

Мерима објаснува зошто дури сега одлучила да проговори на оваа болна тема.

„На насилникот кој за малку ќе успееше да ми го уништи животот, да ја згасне мојата младост и да ме проголта како темнина пред 40 години му реков дека му простувам, но дека не заборавам. Му реков дека ако некогаш слушнам дека некому му нанел слична болка, на сите ќе им раскажам што се случило. Јас мојот збор го одржав. Бранислав Лечиќ не“, вели таа.

Лечиќ кој е и поранешниот министер за култура и поранешен висок функцинер на партија, по нападите изјави дека никогаш не бил агресивен кон ниту една жена, но во медиумите се појави дел од негово интервју дадено во 2007 година во кое го вели спротивното.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Не знаеше за пораз: Почина Гоце Атанасовски

Почина поранешниот македонски карате репрезентативец Гоце Атанасовски, информира специјализираниот портал за боречки спортови „Ипон.мк“. По осамостојувањето на Македонија, Атанасовски стана шампион во полусредна категорија, во младинска и сениорска конкуренција. Беше член на првата македонска сениорска репрезентација која настапи на Светско првенство во Гранада, Шпанија во 1992 година. Беше многу квалитетен […]