fbpx

Наташа ми е мајка, иако родителите ми се живи: Цеце Николова си ја отвори душата

Новинарката Цветанка Николова неодамна предизвика вирална реакција откако на социјалните мрежи проговори за болеста која ја има уште од дете.

„Ова сум јас, луѓе“, порача Цеце откако ја симна периката и во подолг емотивен говор откри дека има алопеција.

Николова е млада и исклучително храбра девојка, порасна во СОС „Детско село“ и е основач на Здружението за млади лица без родители „За тебе“.

Својата лична приказна првпат ја раскажа пред две години, но сега откри и некои нови моменти кои никого не оставаат рамнодушен.

Во интервју за модниот портал „Fashionel.mk“, меѓу другото зборува и за нејзините родители.

– Кога бев дете, знаев да се прашам зошто мене нешто ми се случува. Но, одамна веќе не. Благодарна сум за сè што ми се случило во детството, бидејќи без тоа, не би била она што денес сум. Ниту би била новинар, ниту би била успешна.. Ете, се сметам и за успешна, дефинитивно. Којзнае кај би била да било поинаку. Веројатно во Велес со татко ми алкохоличар и мајка ми која нема.. ма не е важно, којзнае каде би завршила. Така што, супер што завршив во „СОС Детско село”. Сè што ми се случило, на крајот е за добро. Мајка Наташа од „Детско село” е мојата мајка, без разлика што моите родители се живи, секогаш ја споменувам неа. Таа е во тек со сè што ми се случува. Таа ми е голема поддршка во сè што правам. Постојано одам во „Детско село” и секогаш сакам да ги запознавам новите деца што доаѓаат во куќата каде што јас пораснав“, раскажува Николова.

Целото интервју прочитајте го на „Fashionel.mk“.

Фото: Мартина Трајковска/Fashionel/Фејсбук

Следни Објави

Самохрана мајка од Прилеп го освои регионот: Милена покажа дека никогаш не е доцна

Со емотивна интерпретација на хитот „Додири од стакла“ од Нина Бадриќ, Милена Јовановска од Прилеп пред две години го воодушеви жирито во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“. „Премногу сум емотивна. Им верувам на луѓето, а тие сѐ почесто лажат. Имаше еден период кога ништо не ми одеше во […]