fbpx

Самохрана мајка од Прилеп го освои регионот: Милена покажа дека никогаш не е доцна

Со емотивна интерпретација на хитот „Додири од стакла“ од Нина Бадриќ, Милена Јовановска од Прилеп пред две години го воодушеви жирито во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.

„Премногу сум емотивна. Им верувам на луѓето, а тие сѐ почесто лажат. Имаше еден период кога ништо не ми одеше во животот. За среќа, тоа е веќе минато затоа што почнав да верувам во убави нешта“, изјави таа тогаш во интервју за „Гранд онлајн’.

Јовановска откри дека првиот телевизиски настап го имала на 16 години на Македонска телевизија и дека мајка ѝ сакала таа да стане оперска пејачка.

По вокација е негувателка, но никогаш не работела по струка. Милена е самохрана мајка на син-тинејџер и призна дека со учеството во „Никогаш не е доцна“ сакала да го сврти вниманието на сите жени кои имаат ист или сличен проблем како нејзиниот.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Потресна сцена: Вдовицата на Тозовац скршена од болка

Роднини, пријатели и бројни колеги денеска се собраа на комеморацијата за легендарниот интерпретатор на народна музика, Предраг Живковиќ-Тозовац. Скршена од болка, неговата сопруга Емилија Мима не престана да плаче, а најголема поддршка и беше пејачката Ана Бекута која цело време беше со неа. Драган Којиќ Кеба не успеа да ги […]