fbpx

Почина принцот Филип

Почина принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на британската крализа Елизабета Втора, јавуваат светските медиуми.

„Со длабоко жалење, нејзиното височество кралица соопштува дека нејзиниот сакан сопруг, принцот Филип, војводата од Единбург, почина мирно утрово во замокот Виндзор“, објави Бакингамската палата.

Последните месеци од животот принцот Филип ги помина во болница. Имаше 99 години.

Следни Објави

Тончи, срцка, ти благодарам за сета добрина: Ленче Николовска неутешна

Од коронавирус на 56-годишна возраст почина Тони Николовски. Пред да биде назначен за посебен советник за односи со јавност на министерот за земјоделие и шумарство Аријанит Хоџа, долги години работеше како снимател и монтажер. Николовски е сопруг на Ленче Николовска, поранешна пратеничка на СДСМ и советничка на премиерот Зоран Заев. […]