Од коронавирус на 56-годишна возраст почина Тони Николовски.
Пред да биде назначен за посебен советник за односи со јавност на министерот за земјоделие и шумарство Аријанит Хоџа, долги години работеше како снимател и монтажер.
Николовски е сопруг на Ленче Николовска, поранешна пратеничка на СДСМ и советничка на премиерот Зоран Заев.
Самохрана мајка од Прилеп го освои регионот: Милена покажа дека никогаш не е доцна
„Мојата потпора во животот, мојата единствена љубов, не е веќе меѓу нас.. Тончи, срцка, ти благодарам за сета добрина и умешност со која го создаде нашиот свет. Почитувани пријатели, роднини, колеги.. Ви благодарам на сите што сте со мене во овие тешки денови“, напиша таа на „Фејсбук“.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО