fbpx

Емотивно обраќање на принцот Чарлс за татка си Филип

Принцот Чарлс денеска му оддаде почит на татка си, принцот Филип, кој, како што рече, посветено ѝ служел на кралицата Елизабета, но и на кралското семејство, на Велика Британија и на Комонвелтот.

Нивната љубов влезе во историја: Овие зборови на принцот Филип покажуваат и зошто

„Мојот драг татко беше посебна личност и пред се’ би се зачудил на реакциите и на чувствителните работи кои се за него искажани и од тој аспект како семејство длабоко сме благодарни“, рече Чарлс носејќи црна вратоврска во знак на жалост.

Погребот на војводата од Единбург и сопруг на британската кралица Елизабета Втора е закажан за следната сабота. Ќе биде емитуван на телевизија, а на граѓаните нема да им биде дозволено да присуствуваат.

Преживеа неверства и секс скандали: Сите тајни на кралицата Елизабета

Поради пандемијата церемонијата ќе се одржи во најтесниот круг на семејството. Од Америка ќе допатува и принцот Хари, додека неговата сопруга Меган Маркл ќе остане дома поради бременоста.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Трагедија: Почина ѕвезда од „Големиот брат“, причината ќе ве шокира

Ѕвездата од реалното шоу „Големиот брат“, Ники Грејем, почина на 38-годишна возраст по долга борба со анорексија. „Со голема тага ве информираме дека нашата драга пријателка Ники почина денес. Нашето срце е скршено од тага и се’ уште не можеме да поверуваме како некој што е толку мил замина на […]