fbpx

Работи кои не сте ги знаеле за принцот Филип

Во тек е осумдневна жалост по војводата од Единбург и сопруг на британската кралица Елизабета Втора.

Нивната љубов влезе во историја: Овие зборови на принцот Филип покажуваат и зошто

Британските медиуми пишуваат дека принцот Филип бил една од клучните фигури во Бакингемската палата, еден од ретките луѓе во кои кралицата имала комплетна доверба.

Најмногу го критикуваа за лицемерноста. Беше на чело на Светската организација за природа, а истовремено учествуваше во лов на фазани.

„Би кажал дека постои разлика помеѓу тоа дали сте загрижени за зачувување на природата и дали сте љубител на зајаци“, изјави во една прилика за „Би Би Си“.

Принцот Филип беше првиот член на кралското семејство кој даде телевизиско интервју.

Критичарите му забележуваа и за препотентноста, обвинувајќи го дека со неговото однесување е најзаслужен што неговите потомци немале среќа во љубовта, со оглед на фактот што три од неговите четири деца се разведоа.

Фото: Хусеин Анвар/Сипа Прес/Профимедија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Сите го испратија, освен наследниците: Кои се синовите на Тозовац?

Во Алејата на заслужни граѓани во Белград вчера беше погребан Предраг Живковиќ-Тозовац кој почина од последици на Ковид-19 на 85-годишна возраст. Порасна без татко, се ожени на 84 години: Приказната на Тозовац Од легендарниот интерпретатор на народна музика се простија неговата сопруга Емилија Мима Живковиќ, нејзината ќерка Сања и внуката […]