fbpx

Црни слики во знак на жалост: Уште една македонска докторка почина од корона

Уште еден македонски здравствен работник почина од последици на Ковид-19. На Инфективната клиника во Скопје на вирусот му подлегна и д-р Билјана Ичева (родена 1959 година), вработена во Негорските минерални Бањи кај Гевгелија.

Ичева беше специјалист физиотерапевт, мајка на две деца. Семејната болка за загубата е дотолку поголема што и нејзиниот сопруг, д-р Божин Ичев, инаку рендгенолог вработен во Општа Болница Гевгелија, е позитивен на Ковид-19 и се’ уште е на клиничко лекување на Инфективна клиника во Скопје, информира порталот „Гевгелија нет“.

Роднини, пријатели и колеги масовно се збогуваат со д-р Ичева на социјалните мрежи. Тие поставуваат црни слики на своите профили во знак на жалост за изгубената колешка, сограѓанка, другарка и пријателка. Велат ја изгубивме докторката со најшироката насмевка.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Зекири револтиран од односот на Македонско лекарско друштво: Срамота!

Македонско лекарско друштво доделило плакети и благодарници на лекари во првите борбени редови против КОВИД-19. Не би било ништо спорно доколку во листата беа застапени и најпосветените доктори во таа борба, а сите кои поминале на инфективното одделение секако знаат кои се тие. Со сета почит кон сите што добиле […]