fbpx

Мајка си ги закла трите деца: Уапсена е Лилијана

Уапсена е 30-годишната Лилијана Кариљо, мајка на три деца помлади од пет години кои полицијата ги пронајде мртви во семејниот стан.

Кариљо е приведена на околу 200 километри северно од Лос Анџелес и засега е непознато дали има правен застапник кој би можел да зборува во нејзино име.

Безживотните тела на дечињата ги пронашла баба им која после работа свратила кај нив, пренесуваат американските медиуми.

Според првичните информации од истрагата, децата се избодени до смрт, а мотивот за ова злосторство се’ уште не е познато.

– Во овој момент, осомничена е мајката, но не е исклучена можноста истрагата да продолжи во друга насока – информираат од полицијата.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Црни слики во знак на жалост: Уште една македонска докторка почина од корона

Уште еден македонски здравствен работник почина од последици на Ковид-19. На Инфективната клиника во Скопје на вирусот му подлегна и д-р Билјана Ичева (родена 1959 година), вработена во Негорските минерални Бањи кај Гевгелија. Ичева беше специјалист физиотерапевт, мајка на две деца. Семејната болка за загубата е дотолку поголема што и […]