fbpx

Зекири револтиран од односот на Македонско лекарско друштво: Срамота!

Македонско лекарско друштво доделило плакети и благодарници на лекари во првите борбени редови против КОВИД-19.

Не би било ништо спорно доколку во листата беа застапени и најпосветените доктори во таа борба, а сите кои поминале на инфективното одделение секако знаат кои се тие.

Со сета почит кон сите што добиле признанија, но СРАМОТА е за ова лекарско друштво што меѓу имињата на доктори го нема доктор Илир Демири, еден од најпосветените во борбата против Ковид-19 од самиот почеток на пандемијата, па сѐ до денес и кој дури и на штаки секој ден е со пациентите!

Кој лежел на инфективна како што лежев и јас со мојата фамилија, точно знае за што зборувам и сигурно ја дели мојата вознемиреност поради овој СРАМ на Македонското лекарско друштво!

Меѓу запоставените има и многу други 100% посветени доктори кои исто така ги нема на листата.

Не сакам да верувам дека тоа е поради нивната етничка припадност или некаква си друга определба.

П.С Во меѓувреме разбрав дека меѓу тие што добиле пофалници се наоѓаат и две докторки кој ниту еднаш не влегле и немале контакт со заболени од Ковид 19 и еден доктор кој на почеток од пандемијата 8 недели избегал на боледување. СРАМОТА

Фејсбук-статус на Мухамед Зекири

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Шок по смртта на Дејан: Позади себе остави дете и бремена сопруга

Нова трагедија го потресе регионот, откако 24-годишен фудбалер во Хрватска почина за време на натпревар. Дејан Оршуш, играч на клубот „Оток“, почина од срцев удар, а трагедијата да биде поголема, позади себе остави дете и сопруга која е во петтиот месец од бременоста, јавуваат тамошните медиуми. „Со длабока тага ве […]