fbpx

И покрај тешката болест, верува во чудо: Шенон Доерти дочека уште еден роденден

Нејзината борба со канцер на дојка трае со години, но актерката не се предава

Американската актерка Шенон Доерти која се прослави по улогата на Бренда во серијата „Беверли Хилс“, денеска го слави својот јубилеен 50-ти роденден.

Нејзината борба е навистина лавовска, ако се земе в предвид нејзината шестгодишна борба со рак на дојка.

Шенон пред неколку месеци ја откри лошата вест дека повторно ѝ се вратил канцерот и тоа во уште посилен, четврт стадиум.

Светските медиуми тогаш информираа како легендарната Бренда се помирила со фактот дека овојпат нема да успее да ја победи болеста и дека се подготвува за сопствената смрт.

Шенон дури тврдеше дека си одбрала и фустан за своето вечно почивалиште.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Загубивме човек со големо срце: Кичево тагува по Даниел

Згасна уште еден млад живот, информира Кичевскиот огранок на Социјалдемократската Младина на Македонија. Тажната вест ја споделија на нивниот профил на „Фејсбук“. „Со огромна тага и неверување ја примивме веста дека нашиот драг другар и сопартиец Даниел, не е веќе меѓу нас. Премногу рано, загубивме другар за пример, човек со […]