Првпат откако се пресели во САД, принцот Хари во неделата се врати во Велика Британија за да присуствува на погребот на неговиот дедо, принцот Филип.
Шок: Откриена последната желба на принцот Филип
Хари во Лондон допатува без сопругата Меган Маркл и синот Арчи кои останаа во Санта Барбара.
Медиумите пишуваа дека поранешната војвотка од Сасекс останала дома поради бременоста, но по се’ изгледа дека тоа не е вистинската причина.
Преживеа неверства и секс скандали: Сите тајни на кралицата Елизабета
„Нејзината мајка инсистирала Меган да остане во Америка. Таа е премногу заштитнички поставена кон својата ќерка и не сака таа да го ризикува сопственото здравје. Стресот е последното нешто што сега ѝ е потребно. Сепак, после контроверзното интервју и сите скандали, главната причина е што со своето присуство Меган може да го засени последното испраќање на принцот Филип, а таа не го сака тоа. Тоа не значи дека е променет нејзиниот однос со кралицата Елизабета“, изјавиле нејзини пријатели кои инсистирале да останат анонимни.
Фото: Профимедија
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО