fbpx

Шокантен пресврт: Оваа старлета го предала Веља Невоља

Вељко Беливук (35), многу попознат како Веља Невоља, реагирал бурно по сведочењето на српската старлета Тијана Максимовиќ, дознаваат српските медиуми.

Популарната Тијана Ајфон беше повикана во полицијата да даде исказ уште пред еден месец, но Невоља кој е осомничен за сериозни кривични дела дури сега се огласил за неа, откако дознал дека ѝ покрај тоа што наводно лажно сведочела, го поминала полиграфот.

Крвава естрада: Овие ѕвезди ги поврзуваат со Веља Невоља

Пред еден месец, извор близок на истрагата тврдеше дека токму Тијана е девојката во чиј телефон се пронајдени експлицитни фотографии од жртвите на криминалната банда на Невоља.

Таа и Милица Живановиќ (Мими Оро) наводно биле на платен список кај Беливук и одработувале за него по потреба, пренесувале дрога, но и переле пари.

Полицијата се крсти во неа: Која е сопругата на Веља Невоља?

Веља Невоља и неговите соработници се во притвор, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Легендо, почивај во мир: Неверување по смртта на Гоце Груевски

Утрово на 46-годишна возраст во Мелбурн почина Гоце Груевски- Чолакот. „Дали е возможно!? О, легендо.. Почивај во мир, Гоце Груевски“, напишаа на официјалната фејсбук-страна на Фудбалската репрезентација на Македонија. Груевски беше дете на ФК Победа и нејзин капитен во сезоните кога прилепскиот клуб почна да ги бележи своите најголеми клупски […]