fbpx

Жените родени 1979 година се најсреќни: Едноставно е..

Имавме среќа како ниедна друга генерација – ниту оние „теткички“ со виклери родени неколку години пред нас, ниту оние изгубени девојчиња родени по нас

Беше убаво да сте родени 1979 година во Југославија. Во време на хармонија, благосотојба и опуштеност. Нашите млади родители имаа стабилна работа, свој стан или почнуваа да градат куќа, а во дворот фичото беше паркирано..

Баби и дедовци на село, здрава храна од нивните ораници, живеевме без никакви грижи..

Патувавме без клима, сите имавме исти сандали: Вака се летуваше во Југославија!

Ние се родивме кога државата беше стабилна, пораснавме под среќна ѕвезда.. По цел ден бевме надвор, никој не се грижеше дали се храниме здраво, секако речиси и да немаше преработена храна..

Никој не се оптоваруваше дали ќе смрзнеме, дали ќе не’ нападне некој манијак.. Родендените ги славевме со децата од соседството, со една торта и домашни кифлички..

Моравме редовно да одиме на училиште, да пишуваме домашно, вредно да учиме, а зборот на учителите/наставниците беше АМИН.

Сега во 2021, гордо газиме низ четириесеттите. Знаеме да го почитуваме животот, бидејќи познаваме премногу луѓе кои повеќе не се во можност да уживаат, бидејќи не се повеќе меѓу нас..

Насловна: Шатерсток

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Легендо, почивај во мир: Неверување по смртта на Гоце Груевски

Утрово на 46-годишна возраст во Мелбурн почина Гоце Груевски- Чолакот. „Дали е возможно!? О, легендо.. Почивај во мир, Гоце Груевски“, напишаа на официјалната фејсбук-страна на Фудбалската репрезентација на Македонија. Груевски беше дете на ФК Победа и нејзин капитен во сезоните кога прилепскиот клуб почна да ги бележи своите најголеми клупски […]