fbpx

Легендо, почивај во мир: Неверување по смртта на Гоце Груевски

Утрово на 46-годишна возраст во Мелбурн почина Гоце Груевски- Чолакот.

„Дали е возможно!? О, легендо.. Почивај во мир, Гоце Груевски“, напишаа на официјалната фејсбук-страна на Фудбалската репрезентација на Македонија.

Груевски беше дете на ФК Победа и нејзин капитен во сезоните кога прилепскиот клуб почна да ги бележи своите најголеми клупски успеси кои му овозможија и излез на меѓународна сцена.

„Гоце го чуваше голот на Победа покрај во домашните натпреварувања од 1997 до 2000 година и во настапите во Купот на УЕФА против Одра и Интертото купот против Озета Дукла Тренчин и на антологискиот двомеч со италијанската Перуџа.

Со своите одбрани во дресот на Победа го заслужи и дресот на македонската фудбалска репрезентација кој го носеше 8 пати (3 меча во квалификациите за СП во Јапонија и Ј.Кореја 2002 и на 5 пријателски натпревари во 2000 и 2001 година).

Потврда дека стануваше збор за еден од најдобрите голмани во тој период кај нас е фактот дека Гоце Груевски го чуваше голот на нашите најдобри клубови: Победа, Вардар, Работнички, Слога Југомагнат, Македонија ЃП и Беласица.

Од 2006 година заминува за Австралија каде 14 години беше најпрво голман, а последниве години тренер на голманите во најпопуларниот клуб на Македонците во Мелбурн-Македонија Престон, а работеше и во академијата на Манчестер Сити.

Почивај во мир Гоце. Сочуство од цел Прилеп, твојата ФК Победа и сите нејзини приврзаници“, напиша Петар Димоски.

Следни Објави

Животот му го посветив: Маја Оџаклиевска проговори за аутистичниот внук

Ја паметиме како секогаш ведра и насмеана, иако животот ѝ донесе сериозни животни предизвици Легендарната пејачка Маја Оџаклиевска вели дека во сѐ бара нешто убаво и неодамна си ја отвори душата за својот аутистичен внук.  Во моментите кога Лука има напади, вели дека го смирува со сладолед или со чоколадо. […]