fbpx

Се разведе, па се повлече од екраните: Водителката на „Сѐ за љубов“ ужива во луксуз

Беше една од најубавите водителки на овие простори, со години заштитно лице на емисијата „Сѐ за љубов“, шоу базирано на вистински приказни кое беше доста популарно и кај нас.

Катарина Шишмановиќ која ја паметиме и по спотот за хитот „Доживотно“ на Елена Ристеска, пред четири години се врати пред камерите и како домаќинка на квизот „Кој е на врвот“, но потоа комплетно се повлече од јавниот живот.

Иако ја нема во медиумите, активна е на социјалните мрежи, па може да се види дека откако се „пензионира“, најмногу ужува во луксузни патувања.

Катарина која во мај ќе наполни 38 години, отсекогаш привлекуваше внимание и со својот љубовен живот. Новинарите често пишуваа за нејзините бурни врски, но и за бракот кој ѝ траеше само една година.

Шишмановиќ во меѓувреме се посвети и на своето дообразување и дипломира на Факултетот за политички науки во Белград.

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

10 причини зошто ги сакаме Биковите

Вториот знак во Зодијакот, врзан за материјалните добра. Со нив влаадее Венера која им дава исклучителна убавина и чувство за естетика, како и склоност кон хедонизам. Еве причини зошто имаме потреба да сме во близина на припадниците на овој харизматичен знак 1. Бикот е стабилен и силен, можете да му […]