fbpx

Син му почина млад, живееше со болка: Кавадарчани се простуваат од д-р Мицајков

Почина д-р Манчо Мицајков, специјалист орален хирург кој беше избран за прв градоначалник на Кавадарци во 1996 година.

Тажната вест ја сподели актулениот градоначалник Митко Јанчев на неговиот фејсбук-профил.

„Ќе го паметиме како скромен политичар и народен човек кој довербата од граѓаните ја сфаќаше пред се’ како обврска, а не како привилегија“, напиша, меѓу другото, тој.

Кавадарчани за „Фокус“ раскажуваат дека последните години од животот ги поминал во огромна болка поради загубата на синот.

„Пред неколку години го скрши ненадејната смрт на неговиот син, кој почина доста млад, оставајќи зад себе сопруга и мали деца“, велат тие.

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Викторија утре полни 47: Една работа ѝ помага да изгледа двојно помладо

Поранешната членка на „Спајс грлс“, модната дизајнерка Викторија Бекам утре ќе наполни 47 години. Сопругата на Дејвид Бекам секогаш изгледа беспрекорно, а според многумина во лицето изгледа двојно помладо. Таа неодамна во едно интервју ги откри нејзините дневни ритуали за убавина. Станува многу рано, секогаш пред другите, за првиот половина […]