fbpx

Животот му го посветив: Маја Оџаклиевска проговори за аутистичниот внук

Ја паметиме како секогаш ведра и насмеана, иако животот ѝ донесе сериозни животни предизвици

Легендарната пејачка Маја Оџаклиевска вели дека во сѐ бара нешто убаво и неодамна си ја отвори душата за својот аутистичен внук. 

Во моментите кога Лука има напади, вели дека го смирува со сладолед или со чоколадо.

– Ги научив неговите потреби, знам што може да го расположи. Лука најдобро функционира со мене, не се жалиме. Имам една сосетка, со неа понекогаш ќе се напијам кафе и тука завршува мојот социјален живот – лани откри Оџаклиевска.

Таа појасни дека нејзиниот внук е роден како здраво бебе.

„Од првиот ден, народски кажано, изгледаше како „очите да му се на зејтин“. На шест месеци, со погледот и движењата се одзиваше на своето име. На година ипол веќе јасно изговараше зборови и дури се обидуваше да склопува едноставни реченици. Потоа ја прими ММР вакцината. Преку ноќ стана раздразлив, со часови не можеше да заспие и покрај нишањето и музиката. Престана да зборува, да се смее, одбиваше храна и се врати во пелени. Кога беше буден, се криеше под маса и по ќошиња. Во нападите на вознемиреност си ја удираше главата од подот или се удираше безмилосно со рачињата. Се обидувавме да ја спречиме самоагресијата, а таа потоа се претвореше во агресија. Го однесовме на ЕЕГ и тие ни рекоа дека има сосема нормална мозочна функција. Лука денес има 10 години. Сè уште не зборува“, напиша Оџаклиевска на „Фејсбук“ минатата година.

Вели дека нападите на автоагресија и агресија значително се проретчиле благодарение на огромната количина трпеливост, љубов, толеранција, усмерување и прилагодена исхрана.

„Лука сака музика, долги прошетки, галење, возење (со сите превозни средства) и забранети слатки. Секако, прогледуваме низ прсти“, раскажа Маја.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Син му почина млад, живееше со болка: Кавадарчани се простуваат од д-р Мицајков

Почина д-р Манчо Мицајков, специјалист орален хирург кој беше избран за прв градоначалник на Кавадарци во 1996 година. Тажната вест ја сподели актулениот градоначалник Митко Јанчев на неговиот фејсбук-профил. „Ќе го паметиме како скромен политичар и народен човек кој довербата од граѓаните ја сфаќаше пред се’ како обврска, а не […]