fbpx

Голема загуба: Почина ѕвезда од серијата која го освои светот

Славната актерка Хелен Мекрори почина на 52 години. Тажната вест ја соопшти нејзиниот сопруг, познатиот актер Демијан Луис.

– Скршено ми е срцето. Мојата преубава сопруга почина по храбра битка со ракот. Умре мирно, дома, опкружена со семејството и со пријателите – изјави тој.

Хелен играше во мегапопуларни филмови и серии. Јавноста ја памети по улогата во серијалот Harry Potter и во остварувањето за Џејмс Бонд, Skyfall. Играше и во реномираната серија Peaky Blinders која ја обожава и македонската публика.

Со Демијан, инаку ѕвезда од хит-сериите Homeland и Billions има две деца, ќерка и син.

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Згасна уште еден млад живот: Почина Гоце Љубиновски

„Вечен спомен другар, прекрасен човек“. Со овие зборови градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, се прости од Гоце Љубиновски. Згасна уште еден млад живот, а од својот драг другар и сопартиец се простија и од огранокот на СДСМ во Дебар. „Со огромна тага и неверување ја примивме веста дека нашиот драг […]