fbpx

Кој може да биде дарител на органи и кога?

За органодарителството се’ погласно почна да се зборува кај нас, особено по ланската историска трансплантација на срце во Македонија, по исклучително хуманиот гест на семејството на Емилија Динева.

Денеска беше извршена и втората трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија.

ШТО Е ОРГАНОДАРИТЕЛСТВО?

ОРГАНОДАРИТЕЛСТВО е постапка на ДАРУВАЊЕ органи, ткива или клетки од живо или починато лице, со цел пресадување (трансплантација) во телото на друго лице заради лекување. Дарувањето е доброволно и без финансиски и друг вид надоместок.

КОГА И КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ ДАРИТЕЛ НА ОРГАН ИЛИ ТКИВО?

* ЗА ВРЕМЕ НА ЖИВОТОТ (ЖИВ ДАРИТЕЛ)

Може да дарува орган или ткиво на одредено лице (примател) со кого е во некои од следните меѓусебни односи: маж и жена, родител и дете, брат и сестра (било целосно или полукрвно сродство), баба или дедо и внуци, чичко, вујко, тетин, стрина, вујна или тетка и внук или внука, родители на сопружниците и зет или снаа, девер, шура или баџанак и јатрва, снаа, золва или шура, или посвоител и посвоеник или „дарување меѓу парови“.

* ПОСЛЕ НАСТАНУВАЊЕТО НА МОЗОЧНА СМРТ (ПОЧИНАТО ЛИЦЕ)

Секое лице кај кое според строго пропишани медицински критериуми е потврдено отсуство на функцијата на мозокот (мозочна смрт), а вештачки се одржува функцијата на органите, се смета за потенцијален дарител. КОИОРГАНИИТКИВА МОЖАТ ДА СЕ ДАРУВААТ ? Срце, бели дробови, бубрези, панкреас, црн дроб, црева, коскена срцевина, срцеви валвули или артерии, коски, корнеа и други. Во Република Македонија се изведува трансплантација на бубрези, коскена срцевина и корнеа; истовремено се прават подготовки за отпочнување на трансплантација на црн дроб.

ДАЛИ ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА Е ВАЖНА ВО ПОСТАПКАТА ЗА ОРГАНОДАРИТЕЛСТВО?

ДА, потребно е внимателна процена на здравствената состојба! Органодарителството за време на животот не смее да го загрозува животот на дарителот ниту пак да нанесе трајно оштетување на здравјето. При органодарителството од починато лице органите и ткивата треба да се во добра состојба.

КОЈ ЌЕ ГИДОБИЕ ОРГАНИТЕ И ТКИВАТА?

Не се прави разлика според раса, пол, религија и сл. кога се носи одлука кој треба да прими орган или ткиво. Примателот се одредува според совпаѓање на крвна и ткивна група, возраст, време на чекање и медицинска индикација за приоритет.

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ ЗА ДА СТАНЕТЕ ДАРИТЕЛ?

За време на Вашиот живот треба да разговарате со блиските личности во семејството. Јасно да ја изразите желбата за дарување на орган или ткиво. Со Вашето најблиско семејство ќе биде разговарано за органодарителство. Кога семејството ја знае Вашата одлука, ќе може да ја исполни Вашата желба. Одлучете се за органодарителство – СПАСЕТЕ ЖИВОТ!

ЗНАЕТЕ ЛИ ДЕКА ?

* Повеќе од 50.000 луѓе во Европа се на листите на чекање орган.

* Секој ден 12 луѓе кои чекаат за орган умираат.

*  Еден дарител може да спаси 8 животи (дарување органи) и да им го промени животот на 50 луѓе (дарување ткива).

* Шпанија и Хрватска имаат повеќе од 35 дарители на 1 милион жители.

Помислете дека можеби уште утре член на Вашето семејство, Ваш пријател или можеби Вие ќе имате потреба од подарен орган.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Спасете се од тешки болести: Ако имате над 45, мора да го знаете ова!

Следни Објави

Пораснал со траума: Тајната на Веља Невоља

Не стивнуваат реакциите во јавноста по апсењето на Вељко Беливук (36). Познатиот Веља Невоља и неговата криминална банда се обвинети за серија монструозни дела, а српските медиуми дознаваат дека тој влече трауми уште од најрана возраст. Кога имал само девет години, неговиот татко Небојша извршил масакр во семејниот стан кога […]