fbpx

Во Струмица по подобар живот: Која е скромната беровка за која плаче Македонија?

Секогаш насмеана, но и скромна девојка

Верица Белчовска која на само 20 години го загуби животот е новиот македонски херој, откако нејзиното срце утринава во 3 часот и 33 минути продолжи да чука кај 22-годишниот Иле Стрезовски.

Солзи и непребол во нејзиното семејство, но и хуманост која никогаш нема да биде заборавена.

„Лекарите ни кажаа дека откажал мозокот,  дека е констатирана смрт, а дека органите се здрави. Без размислување се сложивме да ги донираме. Ова може секому да се случи, можело и на сестра ми да ѝ требале органи. Во животот никогаш ништо не се знае.  Тоа ни даде сила и затоа одлучивме да ги донираме за да спасиме нечиј живот. А сестра ми веќе ја нема и нема никогаш да ни се врати“, раскажува нејзиниот брат Мартин за порталот „ММС.мк“.

Верче била секогаш насмеана, но и скромна девојка. Пред неполна година борбата за живот и невработеноста заедно со семејството ја однеле во друг град каде успеала да најде работа во кафуле.

Осумнаесет години со бубрег од мајка си: И Блаже Сапунџиев доби орган од Верица

„Ја изгубивме најмалата во семејството. На „Благовец“ во Струмица на пешачки премин ја удри момче од 18 години и побегна од местото. Колку што јас знам кога дознале дека колата со која ја удриле сестра ми била пронајдена, тој подоцна сам се пријавил во полиција“, низ солзи открива Мартин за „ММС.мк“.

Целата приказна прочитајте ја ТУКА!

Следни Објави

Осумнаесет години со бубрег од мајка си: И Блаже Сапунџиев доби орган од Верица

Блаже Сапунџиев од Кавадарци е 28-годишното момче кое доби бубрег од Верица Белчовска. Во Струмица по подобар живот: Која е скромната беровка за која плаче Македонија? Неговото семејство вечерва се огласи преку МИА и се заблагодари за хуманиот гест. – До деветгодишна возраст, пет години беше на дијализа. По деветтата […]