fbpx

Нова трагедија: Од корона почина д-р Александар Стојчев

По кратко боледување, на 46-годишна возраст од компликации на Ковид-19 почина д-р Александар Стојчев, универзитетскиот професор и воен историчар, јави порталот „Макпрес“.

Стојчев од 2006 година бил Раководител на Службата за воена историја – Воен музеј во Министерството за одбрана, а претходно во периодот од 2002 година до 2006-тата година бил асистент по Воена историја на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје.

Во својата професионална кариера тој бил и доцент и вонреден професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје за област Воена историја и наставник по предметот „Балканските војни и Првата светска војна“ на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Тој е автор на повеќе книги од областа на воената историја, а меѓу најпознатите и најкористените се „Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година“, „Студија за формирање на Музеј на Првата светска војна“, „Нобеловците и АРМ за мирот“, „Дојран 1915-1918 (Воени операции)“ како и „Историја на воените мапи на Република Македонија“.

На пошироката јавност, професорот Стојчев ѝ беше познат по документарните телевизиски емисии за историјата на Република Македонија.

Следни Објави

Прерано летна љубов моја: Пејачот Игор Митровиќ скршен од болка

Македонскиот пејач Игор Митровиќ со трогателен статус на социјалните мрежи се прости од Ана Мојсовска. Од споделените фотографии може да се заклучи дека станува збор за преубава девојка. Смртта на првата девојка никогаш не ја преболе, го погреба синот, а потоа и сопругата „Прерано летна љубов моја. Сега летај високо […]