fbpx

Смртта на првата девојка никогаш не ја преболе, го погреба синот, а потоа и сопругата

Пред една година, Џон Траволта остана без саканата сопруга, актерката Кели Престон. Неговата идеална половина со која беше во брак 29 години, ја загуби битката со карцином на дојка.

– Одбирајќи ја својата борба да ја задржи приватна, таа беше подложена на лекување подолго време, поддржано од нејзиното најблиско семејство и пријатели. Таа беше светла, убава и љубезна душа која се грижеше длабоко за другите и која носеше живот на сè што ќе допре. Нејзиното семејство бара разбирање за нивната потреба од приватност во ова време – информира лани семејниот портпарол.

Ова беше само една од трагедиите кои му се случија на славниот холивудски актер. Со првиот сериозен животен удар се соочил кога имал само 22 години.

Во тоа време бил лудо вљубен во четири години помладата колешка Дијана Хајлан. Во 1977 година, Траволта за американскиот магазин „Пипл“ изјави дека никогаш немал такви емоции за било која друга девојка.

За жал, после само седум месеци од започнувањето на нивната романса, Дијана починала од карцином на дојка.

По нејзината смрт, ѕвездата од филмовите „Треска на саботната вечер“ и „Брилијантин“ долго време се опоравуваше. Имаше попатни афери, но ниту една жена не успеала да го освои неговото срце, се’ до моментот кога на една вечера организирана од саентолошката заедница не ја запознал Кели Престон. Токму таа успеала да му помогне да ги излекува старите рани и да започне нов живот.

Кели во тоа време била во брак со актерот Кевин Гејџ, а претходно се забавувала и со Џорџ Клуни.

„Беше тоа љубов на прв поглед“, изјавуваа Кели и Траволта подоцна во нивните заеднички интервјуа.

Станаа позната двојка за пример и заедно успеаја да ги пребродат и најмрачните епизоди, меѓу кои и смртта на нивниот 16-годишен син Џет. Таа семејна трагедија уште повеќе ја зацврсти нивната врска.

Џет беше роден со аутизам, а во согласност со саентолошките принципи, неговите родители одлучија да го лекуваат со алтернативни методи, мислејќи дека силните лекарства и третмани можат само да го загрозат здравјето на нивниот син.

На семејниот одмор во 2009 година, додека неговите родители ја славеле новогодишната ноќ во хотелот, Џет во еден момент се онесвестил. Го пронашла собарката која веднаш повикала брза помош, но, за жал, му немало спас.

Неговото семејство тогаш се најде на удар на медиумите дека не било присутно во моментот кога доживеал напад.

„Животот за мене престана да има смисол, долго време ми беше потребно да се вратам во нормала“, призна Траволта.

Фото: Профимедија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Прерано летна љубов моја: Пејачот Игор Митровиќ скршен од болка

Македонскиот пејач Игор Митровиќ со трогателен статус на социјалните мрежи се прости од Ана Мојсовска. Од споделените фотографии може да се заклучи дека станува збор за преубава девојка. Смртта на првата девојка никогаш не ја преболе, го погреба синот, а потоа и сопругата „Прерано летна љубов моја. Сега летај високо […]