fbpx

Убиство во Струга: Брачна двојка со малолетни деца заврши трагично

Со неколку убоди од нож, маж ја убил својата пет години помлада сопруга, а потоа се обидел да се самоубие.

Крвавата драма се случила денеска попладне, а двојката од Струга има и малолетни деца.

„Во 19 часот и 15 минути пријавено е дека во Струга, на улицата „Ристо Крле“ при расправија со својот сопруг, С. Р. (1987) од убод од нож е повредена и им подлегнала на повредите. Смртта ја констатирала екипа на Итната медицинска помош, а Ј. Р. (1982) е повреден и е пренесен во Општата болница“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Следни Објави

Сонце мое, срцето ме боли: Шок по смртта на пејачот од „Ѕвездите на „Гранд“

Младиот пејач Момир Луковац (24), учесник во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, трагично го загуби животот, пишува „Мондо“. Здружението на естрадни уметници од Црна Гора ја потврди информацијата која ги потресе неговите колеги кои со емотивни пораки се простуваат од пејачот роден во Бања Лука. – Сонце мое, што направи […]