fbpx

Болно и неправедно: Вистината за трагично загинатиот пејач

Смртта на младиот натпреварувач во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ одекна во целиот регион, а српскиот портал „Нова“ информира дека наводно станува збор за самоубиство и дека истрагата траела до раните утрински часови.

На 24-годишниот Момир Луковац жирито му предвидуваше блескава кариера поради одличните вокални способности, а беше омилен и меѓу колегите.

Сонце мое, срцето ме боли: Шок по смртта на пејачот од „Ѕвездите на „Гранд“

„Беше вистински другар и одличен пејач. За него не постоеше лош збор. Луѓето често му велеа дека ќе стане голема ѕвезда, но дека популарноста никогаш нема да му се удри од глава. За жал, не дочека тоа да се случи“, вели негов другар.

Видно потресен е и неговиот ментор и музички директор на „Гранд“, Александар Милиќ Мили.

„Ова се времиња кога трагедиите се случуваат наеднаш, болно и неправедно. Во само два дена изгубивме двајца млади луѓе, откако не’ напушти и нашиот директор на фотографија Ненад Мишковиќ. Искрено сочуство до семејствата“, изјави Милиќ.

Трагично загинатиот пејач огромна поддршка во „Ѕвездите на Гранд“ доби и од Јелена Карлеуша.

„Имаш навистина убава насмевка. Се гледа дека си добра душа, духовит, опуштен.. Машки се избори со тремата. Првпат си овде, а како да не си“, му порача по настапот славната пејачка.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Шок: Познати деталите за самоубиството на ѕвездата на „Гранд“

Крстиња Тодоровиќ, натпреварувачка во „Ѕвездите на Гранд“ и блиска другарка на Момир Луковац, откри што навистина се случувало пред трагичниот настан кој го потресе целиот регион. Сонце мое, срцето ме боли: Шок по смртта на пејачот од „Ѕвездите на „Гранд“ „Се’ се случи синоќа околу девет часот. Никој не знае […]