fbpx

Денес полни 95 години: Сите афери кои ги преживеа каралицата Елизабета

Британската кралица Елизабета Втора денес полни 95 години. Ова е прв нејзин роденден по смртта на сопругот, принцот Филип, кој почина на 99 години.

Како една од најдолговечните монарси, кралицата Елизабета Втора преживеа многу непријатни моменти, афери и секс-скандали. Семејството често ѝ задаваше главоболки, но издржа буквално сѐ.

Лошо ѝ почна годината кога внукот Хари ја соопшти одлуката дека се откажува од својата титула. Неколку дена подоцна доживеа уште една непријатност кога нејзиниот најстар внук Питер Филипс соопшти дека се разведува од својата сопруга, Канаѓанката Отaм Кели. Елизабета Втора успеа да се избори со низата скандали кои се редеа низ годините, а Меган и Хари беа само последниот сериозен атак врз кралското семејство.

Циркусот со Хари почна уште пред осум години. Пред да се реализира како сопруг и татко, Хари беше лошото момче кое игра билијард на соблекување во Лас Вегас. Претходно беше фотографиран и во нацистичка униформа за која јавно се извини, правдајќи се дека тоа било костум и дека погрешил во изборот. Како 17-годишен тинејџер, Хари помина еден ден во центарот за одвикнување од зависности во Лондон, откако призна дека консумирал марихуана. Портпаролот на кралското семејство тогаш ѝ соопшти на јавноста дека Елизабета го пратила внукот на клиника за да се информира за последиците од консумирањето канабис. 

Свои „жолти минути“ имаа и принцот Вилијам со сопругата Кејт Мидлтон, особено кога францускиот магазин Closer објави топлес-фотографии со војвотката од Кембриџ. Кралската двојка 2017 година го тужеше магазинот кој мораше да исплати оштета од 118 илјади долари.

Голема афера имаше и принцот Ендрју во 2015 година кога Вирџинија Робертс тврдеше дека била присилувана на секс од негова страна кога имала само 17 години. Набргу тој се повлече од кралските должности.

Но, тоа не е единствената драма поврзана со неговото име. Еден бизнисмен им откри на медиумите дека наводно ѝ платил 500 илјади фунти на Сара Фергусон за да му обезбеди состанок со нејзиниот тогашен сопруг Ендрју.

Фото: ПА Медија/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Шок: Познати деталите за самоубиството на ѕвездата на „Гранд“

Крстиња Тодоровиќ, натпреварувачка во „Ѕвездите на Гранд“ и блиска другарка на Момир Луковац, откри што навистина се случувало пред трагичниот настан кој го потресе целиот регион. Сонце мое, срцето ме боли: Шок по смртта на пејачот од „Ѕвездите на „Гранд“ „Се’ се случи синоќа околу девет часот. Никој не знае […]