fbpx

Сонце мое, срцето ме боли: Шок по смртта на пејачот од „Ѕвездите на „Гранд“

Младиот пејач Момир Луковац (24), учесник во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, трагично го загуби животот, пишува „Мондо“.

Здружението на естрадни уметници од Црна Гора ја потврди информацијата која ги потресе неговите колеги кои со емотивни пораки се простуваат од пејачот роден во Бања Лука.

– Сонце мое, што направи од себе? Се гордеам што те познавав, што беше другар, колега, пријател и брат.. Прерано не’ напушти. Срцето ме боли, нема никогаш да те заборавиме – напиша на „Инстаграм“ пејачката Цеца Булатовиќ.

Луковац се натпреваруваше во актуелната сезона на „Ѕвездите на Гранд“, а последен пат на сцената од популарното регионално шоу настапи пред два месеца.

Се’ уште нема официјални информации за причините за смртта.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Болно и неправедно: Вистината за трагично загинатиот пејач

Смртта на младиот натпреварувач во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ одекна во целиот регион, а српскиот портал „Нова“ информира дека наводно станува збор за самоубиство и дека истрагата траела до раните утрински часови. На 24-годишниот Момир Луковац жирито му предвидуваше блескава кариера поради одличните вокални способности, а беше омилен и меѓу […]