fbpx

Беше вреден и добар човек: Уште еден македонски лекар почина од корона

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на својата официјална фејсбук-страна информира дека уште еден македонски лекар почина од последици на Ковид-19.

Колегите го опишуваат Д-р Сенат Грбовиќ како прекрасен човек и доктор.

„Почивај во мир, наш драг и ценет колега. Голема загуба. Вреден и добар човек, исклучително професионален и колегијален. Сочуство до семејството“, стои напишано во една од посветите.

Од него се прости и директорката на Геронтолошки завод, Д-р Салија Љатиф Петрушовска.

„Ах, другар, многу рано си замина. Алах нека ти го подари најдоброто место во џенетот“, напиша таа.

Д-р Грбовиќ бил вработен во Брзата помош во „Здравствен дом Скопје“. Имаше 53 години.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Не бирал средства: Нови шокантни сознанија за Веља Невоља

Српската полиција повторно ја истражува викендицата која наводно била една од базите каде брутално биле измачувани жртвите на криминалната банда на Веља Невоља. Според неофицијални информации, овојпат се пронајдени скриени подземни простории со оружје и со експлозив. Пораснал со траума: Тајната на Веља Невоља „Курир“ претходно објави фотографии од уште […]