fbpx

Не бирал средства: Нови шокантни сознанија за Веља Невоља

Српската полиција повторно ја истражува викендицата која наводно била една од базите каде брутално биле измачувани жртвите на криминалната банда на Веља Невоља.

Според неофицијални информации, овојпат се пронајдени скриени подземни простории со оружје и со експлозив.

Пораснал со траума: Тајната на Веља Невоља

„Курир“ претходно објави фотографии од уште еден имот во селото Тршиќ кој се наоѓа на шест километри од Лозница, а на кој наводно биле ликвидирани противниците на Вељко Беливук.

Викендицата е во сопственост на Владо Георгијев, поранешен полицаец во интервентаната единица во Белград.

Истата се наоѓа на самиот крај на патот во шумскиот комплекс Планина каде ретко се движат луѓе. Во околината е откриен и еден руиниран објект со простран паркинг кој личи на некаков полигон.

Вељко Беливук и уште дваесет негови соработници се во притвор, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Сине, извини што не те разбиравме: Мајката на Момир неутешна

Во присуство на семејството и на најблиските пријатели, вчера беше погребан Момир Луковац (24), младиот натпреварувач во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ кој во вторникот се застрела со пиштол. Мајката на пејачот скршена од болка постојано ги изговарала истите зборови. „Сине мој, извини што не те разбиравме! Извини што не знаев […]