fbpx

Пресврт во случајот со силувања: Еве како ќе се брани Мика Алексиќ

Познатиот српски режисер, сценарист и учител по глума, Мирослав Мика Алексиќ, деновиве ќе има можност првпат да проговори за кривичните дела за кои е обвинет.

Седум месеци ме силуваше секој вторник: Најстрашна исповед за Алексиќ

Судот и официјално поднесе обвинение против Алексиќ кој е осомничен за сексуално злоставување на седум девојчиња на кои им предавал актерска игра, како и за четири силувања, а му се заканува казна затвор од 15 години.

Процесот ќе биде затворен за јавноста, а се претпоставува дека одбраната најверојатно ќе се држи до тврдењата дека професорот по глума е импотентен.

Сепак, правните експерти истакнуваат дека тоа нема да му биде од голема помош бидејќи Кривичниот законик на Република Србија веќе има предвидено вакви случаи, па силувањето се дефинира поинаку од перцепцијата во секојдневниот говор.

Како што наведува адвокатот Светозар Вујачиќ, Кривичниот закон го дефинира силувањето како „обљуба или со неа изедначен чин со употреба на сила или закана“. Тоа во пракса значи дека не е неопходно да дојде до полов однос за некој да биде обвинет за силување.

Актерката Милена Радуловиќ прва собра храброст јавно да раскаже дека Алексиќ ја силувал кога имала 17 години. Подоцна и нејзината колешка Ива Илинчиќ го обвини професорот за сексуално злоставување. Во меѓувреме се огласи уште една актерка која изјави дека „блудни работи“ се случувале и во актерската школа на неговиот ментор, сега веќе покојниот актер, режисер и педагог Бата Миладиновиќ.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Потресни зборови пред кобниот лет: Се огласи мајката на загинатиот војник

Нема утеха Мајката на 20-годишниот Огњен Т. кој пред неколку месеци го загуби животот при скок од падобран, скршена од болка откри дека се слушнала со своето чедо неколку часа пред трагедијата. – Ми рече дека извел два скока и дека не бил задоволен од вториот. Ми кажа: „Добро е, […]