fbpx

Солза за нероденото дете: Последните часови на Ирена пред да почине

На 16 декември засекогаш ги затвори очите Ирена Дојчиновска Милошевска, најмладата македонска медицинската сестра која ја загуби битката со Ковид-19.

Нејзината сестра Марија Д. Спасовска која вели дека биле две срца, а иста душа, проговори за кобниот ден кога прерано згасна животот на Ирена.

Работеше во ЈЗУ Спец.болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември Скопје и со појавата на ковид пандемијата меѓу првите го облече скафандерот.

„Дента пред да почине, во нејзината соба влегол болничарот, нејзин пријател. Ја послужил со вода. Во еден момент забележал две солзи на нејзиното лице. По кратко време, засекогаш ги затвори очите. Ја погребавме на 18 декември, на денот на нејзиниот 40 роденден. И покрај пандемијата, на погребот дојдоа многу луѓе, нејзини пријатели, колеги. Гробот ѝ беше покриен со многу цвеќиња. Како рајска градина. Сестра ми беше полна со живот, енергија, имаше многу желби кои веруваше дека ќе ѝ се остварат.  Ирена беше жена борец, голема другарка. Имаше искрена и чиста душа. Желба ѝ беше да стане мајка. Кога болничарот ни кажа што се случило пред да нé напушти засекогаш, знаев за кого беа наменети двете солзи. Едната за нероденото дете, другата за најблиските“, открива Марија.

Целата исповед прочитајте ја на Женски магазин.

Следни Објави

Трагедија: Почина 24-годишна девојка во седмиот месец од бременоста

На Клиничкиот центар во Сараево почина 24-годишна жена. Оваа тажна вест за кратко време се прошири по регионалните медиуми откако „Дневни Аваз“ дојде до преписките кои наводно таа ги имала со нејзиниот сопруг пред трагедијата. Мелиха Лисак била во седмиот месец од бременоста. Позади неа ги остави сопругот Јасмин и […]