fbpx

Ја испофалија, но ја исфрлија: Се огласи Мими за „Ѕвездите на Гранд“

Заврши натпреварувањето за велешанката Мими Јовановска во регионалното шоу за таленти „Ѕвездите на Гранд“.

Македонската натпреварувачка доби пет гласа од жирито и многу пофални зборови, но тоа не беше доволно да обезбеди пласман во шестиот круг.

Саша Поповиќ нагласи дека на почетокот била „аутсајдер“ и дека е голем успех што стигнала до оваа фаза, а Јелена Карлеуша ѝ порача сериозно да размисли да сними албум со приспивни песни или да го позајми гласот за некој анимиран филм.

Во последната епизода Јовановска се претстави со песните „Зошто си ме мајко родила“ и „Кажуј крчмо“.

Пред неполн час, Мими се огласи на социјалните мрежи и им се заблагодари на фановите за огромната поддршка по нејзиниот вчерашен настап.

Настапот на Мими е на 2:26

„Секој ваш коментар го слушнав, го прочитав и многу ми значи. Ми значи успехот што го постигнав до денеска и тоа што вие несебично ме поддржувате. Ќе се потрудам и во иднина мојата енергија и песна да ја пренесам на сите вас. Ве сакам“, напиша таа на „Инстаграм“.

Јовановска веќе подолго време се обидува да се пробие во музичките води. Како вокалистка на бендот „Да Капо“ досега имала бројни настапи ширум нашата земја.

Други интересни детали за нејзината кариера прочитајте ОВДЕ!

Фото: Инстаграм/Србија данас

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Голи стомаци: Неочекуван тренд на Оскарите

Судејќи по коментарите на модните критичари, на годинашниот црвен килим на Оскарите дефинитивно се издвои еден тренд кој изненади многумина. Станува збор за фустаните со гол стомак, очигледно овојпат најсоодветен аутфит за повеќето холивудски ѕвезди. Прекрасната актерка и пејачка Зендаја се одлучи за фустан на модната куќа Валентино која освен […]