fbpx

Ноќ за историја: Оскар за „Земја на номадите“, шок во актерските категории

„Земја на номадите“ е прогласен за најдобар филм на 93-то издание на Оскарите. Златна статуетка доби и режисерката на ова остварување, Кинеската Клое Жао која испиша историја како прва жена од Азија која победила во оваа категорија и втора жена воопшто.

Најголемо изненадување се лауреатите во главните актерски категории. Од истиот филм, Френсис Мекдормунд беше прогласена за најдобра актерка и неочекувано го доби својот трет оскар во кариерата.

Ентони Хопкинс кој не присуствуваше на церемонијата беше прогласен за најдобар актер за филмот „Татко“, иако во оваа категорија фаворит беше прерано починатиот актер Чедвик Боузман.

Погледнете ОВДЕ кој моден тренд доминираше на црвениот килим на ова пандемиско издание на Оскарите.

Добитниците во сите категории ги имате ОВДЕ!

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Само една доза ме спаси од тешки последици: Исповед на д-р Дејан Трајковски

Бев еден од првите во државата кои примиле вакцина од Оксфорд/АстраЗенека, а ги опишав и ефектите во првите 30 часа од вакцината. Бев сигурен дека го направив вистинскиот потег со одлуката за вакцинација. Сега ќе опишам како таа една доза на вакцината ме спаси од тешка форма на болеста, кога […]