fbpx

Имаше силна желба за живот: Трогателна посвета по смртта на Розе

Розе Работовска, наставник по биологија, хемија и природни науки, го загуби животот после долга и немилосрдна битка со Ковид-19, јавува Охрид прес.

Вработените од ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец со трогателна посвета се простија од својата драга колешка.

„Розе беше наставник кој си ја сакаше својата работа, голем ентузијаст, секогаш насмеана, подготвена да помогне и да се радува на животот. Умееше од секоја ситуација да ги извлекува само добрите работи и никогаш да не покажува дека животот и не е толку лесен. Борец до крај! Нејзиниот ведар дух влеваше позитивна енергија каде и да се појавеше, а нејзината мајчинска топлина се чувствуваше во секој совет што несебично го споделуваше. Изгубивме драга колешка, пријател, соработник, добар другар и храбар човек. Заминувањето од Розе ќе остави голема празнина во нашиот колектив, но секогаш ќе се сеќаваме на нејзината ведрина, на нејзината насмевка и на нејзината силна желба за живот и радост“, велат тие.

Следни Објави

Не бирал средства: Нови монструозни дела на Веља Невоља

По судското вештачење во скриената просторија во објектот во Ритопек кој наводно го користела криминалната банда на Вељко Беливук, пронајдени се ДНК-траги на машина за мелење месо, информираат српските медиуми. Дополнително ќе се истражува дали оваа машина е користена за прикривање на траги од убиства. „Машината за мелење месо може […]