fbpx

Погледнете ги дланките и стапалата: Д-р Даница за новите симптоми на корона

Покрај веќе познатите симптоми на Ковид-19, постојат уште некои знаци кои би можеле да укажат на инфекција од вирусот.

Доколку дланките и стапалата ви изгледаат како премрзнати, тоа не е добар знак. Отоците и црвенилата на прстите на нозете и на рацете најчесто се јавуваат кај асимптоматските случаи.

Станува збор за микротромбоза во крвните садови. На овој симптом укажува и дерматовенерологот и помошник на Универзитетскиот клинички центар во Ниш, проф- д-р Даница Тиодоровиќ.

„Некои промени на кожата кои укажуваат на SARS CoV-2 инфекција може да бидат од васкуларно потекло и најчесто станува збор за асимптоматски пациенти. Важно е веднаш да се направи антигенски, па и ПЦР тест ако е потребно“, вели таа.

Д-р Тиодоровиќ напомеува дека иако звучи страшно, микротромбозата не е генерално опасна и најчесто отоците и црвенилата сами се повлекуваат. Сепак, вели таа, треба да се направат неопходните анализи.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

„Зоки Поки“ ќе се прикажува и во Србија: Како настанала книгата?

Македонската детска ТВ-серија „Зоки Поки“ наскоро ќе почне да се прикажува на српскиот национален сервис РТС, информира продукцијата „Кино Око“. Десетте епизоди ќе бидат емитувани и низ цела Скандинавија, односно на националните телевизии во Шведска, Норвешка, Данска и Финска. Ова е голем успех за нас, а ние ве потсетуваме како […]