fbpx

На бебето му давала диазепам: Оваа жена го вознемири регионот

Основниот суд во Белград ѝ одреди мерка задолжително психијатриско лекување на бебиситерката С.Ц. за која утврди дека била непресметлива кога на 9-ти март годинава на бебето кое го чувала му дала лек за смирување – диазепам во поголема количина.

Судската одлука ја вознемири јавноста, особено откако институциите одлучија дека по десет години оваа личност ќе може повторно да работи со деца.

Обвинителството побара да биде сослушана и администраторката на фејсбук-групата „Бебиситерка“ преку која била ангажирана оваа жена.

Случајот во полиција го пријавил доктор од Детската клиника во Тиршов, откако на Одделението за неврологија било хоспитализирано бебе родено 2020 година во чија крв била пронајдена поголема концентрација на лекови за смирување.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Никаде не сме побезбедни од училишниот двор: Ученичка ѝ се обрати на Царовска

Воопшто не сакам да бидам груба и воопшто не сакам да бидам како лош впечаток. Само сакам заедно со сите ученици да се изборам за нашето образование. За нашата иднина! Ви се обракам на вам од страна на сите ученици, и основци и средношколци. Како ученици имаме право да бидеме […]