fbpx

Четири дена по смртта на сопругата добил порака: Останал во шок!

Ништо не му било јасно и целиот во паника веднаш му раскажал на синот што му се случило

Овој човек прерано ја изгубил сопругата, а потоа се случиле неверојатни работи.

Пабло Ренистас од Бразил останал сам кога неговата сакана жена Кармела Реностас починала на 41 година како последица од Ковид-19. Од благите симптоми до кобните последици поминале само шест дена и едноставно ѝ немало спас.

За трагедијата Пабло бил контактиран од лекар од црвената зона, а кога дошол по нејзините лични работи му рекле дека неговата сопруга била храбра и насмеана до последен момент.

Четири дена по нејзината смрт, добил порака на мобилниот, а кога видел кој ја испраќа, срцето му застанало. Му пишала Кармела.

„Драг мој, не се вознемирувај, во добри раце сум. Мислам дека ќе се извлечам, силна сум. Ако заминам, погребај ме кадешто одамна се договоривме и продолжи понатаму. Не смееш да бидеш сам. Отсекогаш знаев дека се вљубив во „женкар“, така да слободно запознај некоја убавица што е можно порано. Тоа ти го посакувам од срце. Те сака Кармела“.

Ништо не му било јасно и целиот во паника веднаш му раскажал на 17-годишниот син што му се случило.

Во местото каде што живее, двата главни оператора со денови имале проблем со линиите и на многумина пораките им стигнувале и со по неколку дена задоцнување, а некои воопшто не се испраќале.

„Жена ми навистина ми испратила порака кога пристигнала во болница и после тоа повеќе не го земала мобилниот во раце. Се гледа по последниот датум кога имала мрежа. По ова што ми го напиша, сега ми е уште потешко, оваа болка не се издржува. Си замина прекрасна личност и љубвта на мојот живот“, им изјавил Пабло на локалните медиуми.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ме остави сам со два ангела: Сопругот за Маја која по породувањето почина од корона

Маја Пауновиќ (27) од Заечар, која во понеделникот се породила во Клиничкиот центар во Ниш, вчера починала од последици на Ковид-19. Оваа информација ја вознемири јавноста во целиот регион, особено откако српските медиуми јавија дека ова е четврта трудница која завршила трагично. Младата мајка била примена во болница со тешко […]