fbpx

Велики четврток: Денеска вистинскиот верник има само една задача!

Еден од најстарите обичаи за Велики четврток е прочистувањето со вода. Се верува дека бањањето на денешниот ден носи убавина и здравје. Денеска децата се бањаат, па дури и возрасните, за да бидат здрави и чисти во текот на целата година. Водата која се носела од бунарите или од изворите, се „прочистувала“ со ставање на сребрена паричка во неа.

На Велики четврток, девојките со особено внимание се однесувале кон сопствената кожа. Во очи на денешниот ден тие внимателно го миеле лицето, а потоа сапунот го фрлале преку прагот на влезната врата.

На Велики четврток темелно се чисти домот. Се’ мора да биде на свое место, избришано и стокмено, а собите се украсуваат со свежо цвеќе.

Свеќата која во текот на целата година се палела за празниците, сега се пали и на Велики четврток бидејќи се смета дека нејзиниот оган ја спасува куќата од лоши духови. Потоа, оваа свеќа се дава во рацете на тешко болна личност за да оздрави.

Најважната работа на овој ден е да обратиме внимание на чистата мисла и душа.

Фото: Шатерсток

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Четири дена по смртта на сопругата добил порака: Останал во шок!

Ништо не му било јасно и целиот во паника веднаш му раскажал на синот што му се случило Овој човек прерано ја изгубил сопругата, а потоа се случиле неверојатни работи. Пабло Ренистас од Бразил останал сам кога неговата сакана жена Кармела Реностас починала на 41 година како последица од Ковид-19. […]