fbpx

Ме остави сам со два ангела: Сопругот за Маја која по породувањето почина од корона

Маја Пауновиќ (27) од Заечар, која во понеделникот се породила во Клиничкиот центар во Ниш, вчера починала од последици на Ковид-19.

Оваа информација ја вознемири јавноста во целиот регион, особено откако српските медиуми јавија дека ова е четврта трудница која завршила трагично.

Младата мајка била примена во болница со тешко воспаление на белите дробови. И покрај лошата состојба, се породила спонтано и на свет донела здраво бебе – ќерката Милица.

Ден по породувањето, виталните органи почнале нагло да ѝ откажуваат, а лекарите не успеале да ја спасат. Со солзи во очите искоментирале дека барем Маја успеала на кратко да го види бебето пред да почине.

Освен штотуку роденото девојче, Маја позади себе ги остави и сопругот Богдан и тригодишниот син Лука. Очаен и во шок по загубата на љубовта на својот живот, на социјалните мрежи се огласи нејзиниот маж.

„Ме остави без последен поздрав, срце мое. Ме остави сам да лутам по светот со два ангела. Зошто моите деца да немаат мајка? Боже, зошто ми ја зеде? Што да му кажам на синот Лука, каде е мајка му?“, напиша Богдан на неговиот профил.

Инаку, Маја работела како фризерка. Според зборовите на нејзините колешки била жена за пример, омилена кај муштериите.

„Не можам да поверувам. Секогаш беше насмеана. Таква и ќе ми остане во сеќавањата“, напиша на „Фејсбук“ нејзина блиска пријателка која ѝ помагала во салонот.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Повторно среќен по семејната трагедија: Кој е синот на Камила?

Том Паркер Боулс, 46-годишниот син на Камила Паркер Боулс и посинок на британскиот престолонаследник, принцот Чарлс, првпат се појави во јавноста по семејната трагедија. Неговата девојка Алис почина од рак пред само неколку недели, жената во која пред две години најде утеха откако му се распадна 13-годишниот брак со Сара Бајс. […]