fbpx

Алачки се сликаше во црква, ќе се изненадите како изгледа

Христос Воскресна, милички! За многи години да ни е! Со оваа честитка Адријана Алачки им го честиташе најголемиот христијански празник на своите следбеници на „Твитер“, а она што ги изненади сите е фотографијата што ја сподели со оваа празнична порака.

Популарната пејачка и авторка на телевизискиот проект „Вкусот на традицијата“ покажа дека е видно ослабнета. Сепак, вниманието најмногу го привлече со порцеланскиот тен на лицето и со шминката која е вистински хит оваа сезона.

„Што стори, се помлада стануваш“, е еден од коментарите под фотографијата.

Алачки во една прилика раскажа дека природно се негува и дека се ужаснува од ботокс, хиалурон и филери.

„Не сум противник, но сепак кога ќе видам неприродно и лошо аплицирани пополнувања, верувајте, од глетката се чувствувам страшно. Треба добро да се одбере каде и кој ќе ви го работи лицето“, изјави таа. 

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Мајка ми е модерна жена: Васил проговори како признал дека е геј

Преку писмо, кога имал само 16 години, македонскиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев на својата мајка ѝ признал дека е геј. Вели дека од неа добил безрезервна поддршка која му помогнала да се изгради како личност. „Иако живееме во конзервативна земја, мојата мајка Јулија е многу модерна жена. Ми кажа дека […]