fbpx

Со едно прашање им го спасил бракот на родителите

Мамо, морам ли и јас да се венчам? Кога ова прашање шестгодишниот син ѝ го поставил на блогерката Џоана Вендити, младата мајка наеднаш почнала сериозно да размислува за многу животни теми.

Во својот блог напиша дека нејзиното дете прво ѝ предизвикало страв, па ја потикнало да почне да си го преиспитува бракот.

„Не, не мора да се венчаш. Можеш да правиш се’ што ќе посакаш, ние само сакаме да бидеш среќен“, му одговорила Џоана на синот, а тој со олеснување ѝ рекол: „Ок, добро е! Јас не сакам со некој цело време да се расправам“.

Во тој момент, Џоана сфатила колку нејзиното и пасивно-агресивното однесување на нејзиниот сопруг всушност влијае на нивниот син. Се расправаат за секакви ситници и глупости и често атмосферата во нивниот дом е ладна. Поради тоа, оваа мајка на четири деца (Холден има и три помали сестрички), направила сериозна „ревизија“ на изминатите години: запросување, венчавка, спонтан абортус, проблеми на работа, здравствени проблеми.. Сето тоа го пребродиле заедно, но нивната врска станувала се послаба.

Разговарала со сопругот за проблемот и двајцата веднаш се согласиле дека нешто мора да променат доколку не сакаат бракот да им пропадне. Одлучиле дека мораат повторно да се вљубат еден во друг и да ги подобрат нивните односи. Почнале да одат на љубовни состаноци, си земале време за себе..

Промената веднаш била видлива и за нивниот син. „Мамо, се предомислив. Еден ден сакам да стапам во брак“, ѝ рекол тој.

Фото: Шатерсток

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Алачки се сликаше во црква, ќе се изненадите како изгледа

Христос Воскресна, милички! За многи години да ни е! Со оваа честитка Адријана Алачки им го честиташе најголемиот христијански празник на своите следбеници на „Твитер“, а она што ги изненади сите е фотографијата што ја сподели со оваа празнична порака. Популарната пејачка и авторка на телевизискиот проект „Вкусот на традицијата“ […]