fbpx

Мамо, прости ми што си играв со твоите чувства

Кога се сеќавам на моето детство, се сеќавам на твоето грижливо и толку збунето лице, на твојата борба да трпиш и да се жртвуваш. Негде прочитав дека децата на несреќните родители тешко наоѓаат среќа. Мамо, навистина е така и сакам тоа да го знаеш.

Ми текнува како трпеше понижувања и малтретирања од тато. Мислеше дека треба да се жртвуваш поради мене. Како се претвори во сенка без да имаш право на среќа, затоа што си мајка, а мајката, нели, така треба да прави.

Лекцијата што ја научив е дека децата ја примаат насмевката, но и тагата на нивните родители. 

Ми текнува на деновите кога не ме испушташе од вид и гледаше како орел над мене. Се сеќавам кога не дозволи да возам велосипед, бидејќи се плашеше дека ќе паднам и ќе се повредам. На крајот пак треснав. Завршив со модринки и во крв, но научив да се исправам.

Мамо те молам не ми ја пеглај кошулата, треба да се справам и без тебе. Кошулата е само симбол, мојот симбол на твојата чиста срдечна амбиција секогаш да бидеш корисна, да ги направиш моите денови полесни. За да ги научам животните лекции ми треба моето горчливо искуство, мамо.

Понекогаш ми недостигаше насмевка. Имаше денови кога ти беше толку уморна, брзаше некаде вознемирена. Би сакал да можев ти дадам повеќе прилики да се смееш, но не можам да го вратам времето. Не обидувај се да бидеш совршена мајка. За мене си тоа дури и кога не си. Ти си совршена со сите твои несовршености и стравови. Ти си мојата мајка, онаа што ми даде живот и на која ѝ должам толку многу.

Со денови гледав како се обидуваш да се надминеш себеси, бидејќи мислеше дека не правиш доволно. Работеше ноќе, бидејќи требаше да ми обезбедиш подобра иднина. Денес сакам да ти вратам, но сè уште не знам како. Прости ми за секоја солза. Кога ти ја трескав вратата пред очите и ти велев дека повеќе не си ми потребна. Знам колку те повредував. А, ти, секогаш ми простуваше. За секоја твоја солза се јадосував, иако изгледав рамнодушен и ладен.

Прости ми што си играв со твоите чувства. Мамо, те сакам и прости ми што ова дури сега ти го кажувам.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ѕверски ја убил мајка си: Игор планирал крвав поход, вмешан и неговиот брат

Игор Дивљаковиќ (27) е уапсен во кафуле по убиството на мајка си, а неговиот седум години постар брат Ренато дополнително го признал злосторството. Мештаните на хрватското село Шаренград велат дека Игор се подготвувал за крвав поход и дека наводно имал список со луѓе кои планирал да ги ликвидира. Трагедијата се […]