fbpx

Ни се излизга меѓу прсти: Сопругата на Драган за трагедијата

Во мај 2020 година засекогаш не’ напушти Драган Вучиќ. Познатиот музичар и водител неколку дена се бореше за живот на Инфективната клиника во Скопје, откако му беше дијагностициран коронавирус.

Позитивна на Ковид-19 беше и неговата сопруга Весна која за среќа успеа да закрепне, како што самата изјави, благодарение на донирана крвна плазма од анонимен пациент излекуван од вирусот.

„Сета таа љубов која ме опкружи од луѓе кои дури и лично не го сретнале Драган, мене ми ја стопли душата. Драго ми е што знам дека беше сакан и почитуван. Драго ми што тој беше мој сопруг, татко на нашиот син. Благодарна сум му што ми го даде Мартин“, раскажа Весна по трагедијата за „Фокус“.

Весна и Драган Вучиќ поминаа четири децении живот, од кои 38 официјално во заедница. Успеаја да си го сочуваат бракот и покрај сите муабети кои не ретко стигнуваа до нив. Со години ги разведуваа, но никому не рекоа ни збор.

„Освен во една прилика, кога ми пукна филмот и преку „Фејсбук“ мораше да застанам во одбрана на семејството. Се прелеа чашата, малограѓанштината се обиде да земе замав“, призна сопругата на Драган во едно интервју.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Јавноста малку знае за неа: Која е сопругата на Беливук?

Извор близок на истрагата верува дека сопругата на Вељко Беливук може да биде клучниот сведок и да им помогне на властите да дојдат до нови поцврсти докази за монструозните дела кои му се препишуваат на познатиот Веља Невоља и неговата криминална банда. Јавноста малку знае за неа, освен дека е […]