fbpx

Јавноста малку знае за неа: Која е сопругата на Беливук?

Извор близок на истрагата верува дека сопругата на Вељко Беливук може да биде клучниот сведок и да им помогне на властите да дојдат до нови поцврсти докази за монструозните дела кои му се препишуваат на познатиот Веља Невоља и неговата криминална банда.

Јавноста малку знае за неа, освен дека е бремена. Никогаш не се експонирала во медиумите, а на социјалните мрежи не може да се најде ниту една фотографија на која е заедно со сопругот.

Сепак, познато е дека кога во 2017 година на Неваља му се судеше за убиството на Властимир Милошевиќ, таа присуствуваше на секое рочиште. Кога Беливук доби ослободителна пресуда, таа буквално скокаше и плачеше во ходникот на Палатата на правдата, пишуваат српските медиуми.

Ова го може само монструм: Нови шокантни сознанија за Беливук

Неваља и неговите соработници се во притвор, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Живеев како кралица, сега немам ништо: Граѓаните за Тито

На денешен ден, 4 мај 1980 година, почина Јосип Броз Тито. Доживотниот претседател на СФРЈ и на Сојузот на комунисти на Југославија засекогаш не’ напушти во 15:05 часот во Клиничкиот центар во Љубљана, три дена пред неговиот 88-ми роденден. Не е Јованка Броз: Оваа жена е најголемата љубов на Тито […]