fbpx

Може сѐ да падне во вода: Генијални потези на Беливук

Српските медиуми секојдневно пишуваат за нови моменти од истрагата во која е инволвиран Вељко Беливук и неговата криминална банда.

Очигледно е дека популарниот Веља Невоља добро го осмислил секој потег до најситни детали во случај да падне во рацете на полицијата.

Веќе дознавме за неколку негови генијални стратегии. Во својот возен парк имал два автомобила марка „Ауди“, идентични како оние на директорот на полицијата Владимир Ребиќ. Тој дури се сетил да направи и идентични регистарски таблички како оние на првиот човек на министерството за внатрешни работи.

Семејна трагедија: Откриена најголемата тајна на Веља Невоља

Беливук и неговата „војска“ ја користеле кодирната апликација „Скај“ која користи шифрирани податоци кои практично е невозможно да бидат откриени бидејќи се посебно заштитени. Дури е можно со внесување на посебна лозинка, трајно да се избришат сите податоци испратени преку оваа апликација. Токму поради тоа, истата е многу популарна меѓу криминалците и не е воопшто евтина. Активирањето чини и до 2.000 евра.

Пред два месеца српската министерка за култура Маја Гојковиќ им ги предаде на истражните органи документите кои наводно укажуваат на поврзаност на криминалната банда на Беливук и со државни функционери од областа на културата. Таа истакна дека предала два предмета кои се однесуваат на блиски контакти на ресорното министерство со инкриминирани лица и најави и трет документ поврзан со тешка кражба во еден белградски музеј.

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Крај за најубавата љубовна приказна: Еве зошто Данијела и Грашо никогаш не се венчаа!

По речиси две и пол децении, хрватските поп-ѕвезди Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо ѝ ставија крај на љубовта. Важеа за една од најскладните двојки на естрадата, па информацијата за нивното разидување разочара многу фанови. Нивната емотивна приказна датира уште од минатиот век. Се запознаа на фестивалот „Дора“ во Опатија во […]