fbpx

Се самоубила пред роденденот: Нејзините последни зборови ќе ви го скршат срцето

Најтажното нешто што ќе го прочитате денес

Данијел Финлај Брукс, девојка по потекло од Англија, се самоуби додека работела како келнерка во Шпанија.

Истрагата за нејзината смрт која се случи во мај минатата година откри порака која во нејзиниот стан ја пронашла нејзина пријателка, а која содржи извинување и проштален говор кој им го оставила на саканите.

„Сакав да верувам дека можам да излезам на вистинскиот пат, ама не можам. Цело ова време се чувствувам осамено и исцрпена сум. Не сум доволно силна тоа да го направам сама. Ве сакам сите, немојте тоа никогаш да го заборавите“, напишала таа.

Пријателите и членовите на нејзиното семејство ѝ рекле на полицијата дека пред смртта Данијел изгледала „задоволно и среќно“ и дека особено му се радувала на претстојното роденденско патување со маќеата.

Сепак, Данијел, на која претходно ѝ била дијагностицирана анксиозност, била пронајдена мртва откако претходната вечер се искарала со пријателите по нивното ноќно излегување.

Серијалот објави на „Фејсбук“ во очи на нејзината смрт исто така сведочело за нејзината психичка состојба. Кон крајот на април ги охрабрила своите виртуелни пријатели „да не губат надеж“.

„Се надевам дека денеска ќе се насмеете, барем на момент. Се надевам дека не се чувствувате лошо. Се надевам дека знаете дека постојат луѓе кои безрезервно ве сакаат. Се надевам дека ќе го видите светлото на крајот на тунелот. Ве молам, не губете надеж“, напишала Данијел.

Во друга објава забележала дека „нема кавга или проблем кои не можат да се решат со разговор“.

„Разговарајте со другите, бидете тука едни за други, никогаш не дозволувајте некој да се чувствува осамен. Животот е прекраток“, напишала таа.

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Згасна уште еден млад живот: Почина мајка на тригодишно девојче

Нова трагедија го потресе регионот откако босанските медиуми информираа за згаснувањето на уште еден млад живот. Престана да чука срцето на Селма Окиќ-Хускиќ, сакана ќерка, сопруга, мајка на тригодишно девојче, верна пријателка, пишува „Дневни Аваз“. Нејзиното прерано заминување ги потресе жителите на градот Цазин. „Животот често е тежок, суров и […]