fbpx

Која е младата жена од Кина обвинета за разводот на Бил Гејтс?

Разводот на коосновачот на „Мајкрософт“ и еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, се’ уште е топ-тема во медиумите

Иако разидувањето со сопругата Мелинда во јавноста беше претставено како пријателско, извори блиски на семејството тврдат дека не е баш така.

Наводно, Бил и Мелинда биле подготвени да го обелоденат разводот уште во март, но во намерата ги спречиле нивните адвокати кои се обидувале да постигнат спогодба пред формалното објавување.

И додека Мелинда со нивните три деца се опоравува на Карибите, барем според пишувањата на американскиот таблоид ТМЗ, Бил секојдневно се соочува со нови контроверзни моменти од неговиот приватен живот кои медиумите ги обелоденуваат.

Деталите за разводот на деценијата не се откриени, но се’ погласни се шпекулациите дека главната причина за истиот е аферата на Гејтс со 36-годишната Зе Шели Ванг, жена по потекло од Кина која со години работи во фондацијата на славниот милијардер.

Ванг, инаку поранешна стујардеса, е професионален преведувач, живее во Сиетл и не е мажена.

Се откажа од сè поради децата: Која е сопругата на Бил Гејтс?

Медиумите пишуваа и за поранешната девојка на Бил Гејтс со која наводно секоја година одел на летување. Она што предизвика дополнителен интерес е информацијата дека Мелинда била добро запознаена со блискиот однос на нејзиниот сопруг со Ен Винблад и истиот воопшто не ѝ пречел.

Насловна: Инстаграм/Профимедија/АФП

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Трагедија: Маријана (30) починала додека доела, па го угушила бебето

Несреќа која не се заборава Се’ уште се памети големата семејна трагедија која ја пренесоа сите светски медиуми. Се претпоставува дека Маријана Оједа (30) од градот Коријентес на северот на Аргентина, инаку мајка на три деца која страдала од тешка хипертензија, добила удар и починала, а истовремено ја угушила и […]