fbpx

Трагедија: Маријана (30) починала додека доела, па го угушила бебето

Несреќа која не се заборава

Се’ уште се памети големата семејна трагедија која ја пренесоа сите светски медиуми.

Се претпоставува дека Маријана Оједа (30) од градот Коријентес на северот на Аргентина, инаку мајка на три деца која страдала од тешка хипертензија, добила удар и починала, а истовремено ја угушила и ќеркичката која во тој момент ја доела.

Несреќната жена била дома со тригодишниот син и со бебето.

Најстарата ќерка била на гости кај баба ѝ, а сопругот Габријел во тоа време бил на работа.

Кога Маријана не дошла да си го земе детето, членовите на семејството почнале да ја бараат на телефон. На крај, на мобилниот се јавил тригодишниот син кој им рекол дека таа „ се’ уште спие“.

Тогаш таткото дефинитивно сфатил дека нешто не е во ред и веднаш се упатил дома, но веќе било доцна.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Блеска од сите страни: Еве како ќе биде облечен Гарванлиев на „Евросонг“

Македонскиот евровизиски тим вчера пристигна во Ротердам, а веќе денес нашиот претставник Васил Гарванлиев ја имаше и првата проба. Реакциите на социјалните мрежи се дека имаме талентиран пејач со моќна интерпретација, а неочекувано внимание доби неговиот стајлинг. „Блескаш од сите страни“, му порача еден фан на Гарванлиев. Васил ќе настапи […]